Бидете дел од нас

|

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Информации:

Почитувани, бидете и Вие дел од нашата Академија. Станете членови и нарачајте дел од нашата тимска опрема:

- Блузон – памучен - црвен со лого - 1100ден/парче
- Блузон - кебест - бел со лого - 1250ден/парче
- Маичка - бела и црвена со лого - 400ден/парче
- Маичка со крагња - црвена и бела - 600ден/парче
- Комплет тренерки - црвено бели - памучни - 2000 ден

За фамилијарни нарачки, еден комплет е ГРАТИС!!!

 

ДОБРOДОЈДОВТЕ!!!

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Македонска Скијачка Академија

МСА е составена од млади, амбициозни и  професионални луѓе кои го сакаат скијањето. Нашата идеја е да го развиеме скијањето и желбата за здрав живот кај луѓето.
Ние имаме за цел да го донесеме скијањето на многу повисоко и попрофесионално ниво од кога и да било во Македонија.

Доколку сакате да научите да скијате, желни сте за нови предизвици и авантури, сакате да се усовршите во начинот на скијање, сакате да сте физички поподготвени и појаки, да скијате на најразлични терени во и надвор од државава, ако сакате напреварување, адреналин, едукација, здравје, рекреација, дружење и МНОГУ ЗАБАВА .....

ВИЕ СТЕ НА ВИСТИНСКОТО МЕСТО!!!

 

Што нуди МСА за своите членови?

- Ски школи за почетници
- Индивидуални приватни часови
- Приватни часови за одредени групи
- Часови во мешани групи
- Корпоративни ски групи (планирање и организирање ски патувања, колективни ски курсеви, скијање со ски водич и натпревари од забавен карактер)
- Градење на самодоверба и искуство
- Скијање со биомеханички задачи
- Слободно скијање / Скијање по длабок снег
- Натпреварувачко скијање
- Натпреваривачка програма за деца и јуниори
- Зимски и Летни скијања на Глечери
- Летни кампови
- Кондициони и фитнес подготовки преку целата година
- Видео записи од сите тренинзи, особено снежните
- Многу, многу забава за сите генерации!!!

 

 

Нашата Академија ќе се труди на сите членови барем еднаш месечно да им организира семинари и собири на кои ќе може да се разговара за новините во скијањето, користењето на скијачката опрема и нејзината улога, што и како треба да се знае за да излезете на терен денес и да се справите со сите предизвици кои што постојат во природата, како најразличните временски услови.

Се надеваме дека со ова барем за почеток ќе ве заинтересираме и ќе пројавите интерес да го запознаете скијањето и неговите убавини, со тоа што ќе се приклучите и ќе ни дозволите да ве научиме на навики за здрав живот, преку најразновидните спортски активности кои ќе ги испланираме, па се до посети на скијачки центри во и надвор од државава и едноставно уживање на белите патеки.

Се е на наша страна, а желбата е само ваша ... СЕ ГЛЕДАМЕ!!!