МСА ТИМ:
Екипата на МСА ја сочинуваат добро подготвени млади, но искусни тренери, кои се некогашни скијачи и репрезентативци, но и долги години работат како тренери и ски инструктори, и се вклучени во сите можни организациски гранки на овој спорт, а истовремено се едуцирани до највисоко ниво и ја преставуваат новата и единствена генерација која е најдобро подготвена за да се справи со сите предизвици.
Предводници на таа екипа се:

Милан Арсовски - Главен тренер
Долгогодишен скијач, репрезентативец и 5 пати државен првак, тренер на Македонската јуниорска репрезентација. Работи како тренер од 2000 година, најпрво за скијачкиот клуб РАБОТНИЧКИ, потоа и за Националниот тим во категорија ДЕЦА. Од 2004 година е тренер на Националниот тим во категорија Јуниори. Во 2005 и 2007 е тренер на Националниот тим на
ESOF (European South Olimpic Festival) - олимпијада за млади на Европско ниво.
Има работено 2 години за BARA (British Alpine Race Academy). Сега е составен дел на МСА и е подготвен да го подели неговото искуство и знаење со сите наши членови. Дипломиран на Факултет за Физичка Култура.

Никола Панчевски - Тренер
Долгогодишен скијач и член на Македонската репрезентација. Работи како ски инструктор од 2003 година, а работи и како помошник тренер во скијачкиот клуб РАБОТНИЧКИ, со категорија деца. Има исто така 2 години работено за BARA (British Alpine Race Academy), а сега е член на МСА и подготвен да го сподели неговото искуство на нашите членови. Дипломиран на Факултет за Физичка култура.

Трајковски Предраг - тренер / ски инструктор
Долгогодишен скијач и репрезентативец на Македонија. Работи како ски инструктор од 2001 година. Има работено и како помошник тренер со деца во Ски клубот Работнички - Скопје. Сега е тука да го сподели неговото искуство и знаење со нашите членови. Има завршено Факултет за Физичка култура.

Пашовски Златко - тренер / ски инструктор
Долгогодишен скијач и репрезентативец на Македонија. Работи како ски инструктор од 2002 година. Има работено и како помошник тренер со деца во Ски клубот Пелистер - Битола. Сега е тука да го сподели неговото искуство и знаење со нашите членови.







