Македонска Скијачка Академија
Почитувани,
Дозволете ми да ви одземам дел од Вашето време и да ви презентирам која е, и што преставува Македонската скијачка академија.
Скијањето има долга традиција и историја во Македонија. Нашиот тим е составен од поранешни професионални скијачки, кој во својата кариера сите биле репрезентативци на Македонија и ја преставувале нашата земја на меѓународни натпревари, Светски првенства и Олимпијади.
Македонската ски академија е составена од млади, амбициозни и професионални луге, кои покрај тоа што го сакаат скијањето, имаат зад себе повеке од 18 годишно искуство и традиција во зимските спортови во Македонија. Ние сакаме овој спорт повторно да оживее и да биде еден од најмасовните во државата. Нашата идеја е да го развиеме скијањето и да вродиме желба за здрав живот кај сите генерации. Имаме визија, знаење и квалитет да го донесеме скијањето на многу повисоко и попрофесионално ниво од кога и да било во Македонија.
За таа цел потребна ни е компанија која ке може да не прати во нашата намера. Целта е под покровителство на една компанија, да се постават и остварат нашите намери во период од 2 до 5 години.
Затоа ја користиме оваа прилика да пристапиме на разговор со сериозна компанија каква што е Вашата и да се обидеме да најдеме заеднички компромис. Целокупната наша програма е посветена на работа преку целата година, со организирање на активности од најразличен карактер и интензитет, каде преку континуитет и квалитетна работа ќе донесеме резултати. Дел од нашата прграма е работа во следниве области:
- Ски школи за почетници
- Индивидуални приватни часови
- Приватни часови за групи
- Коорпоративни ски групи ( планирање и организирање на колективни ски курсеви и семинари, скијање со водич и натпревари од забавен карактер)
- Коорпоративни активности од забавен и психолошки конструктивен карактер( теам буилдинг активности и психологија на труд)
- Градење на самодовреба и искуство
- Скијање со биомеханички задачи
- Слободно скијање / скијање по длабок снег
- Натпреварувачко скијање за деца и јуниори
- Зимски и Летни скијања на Глечери
- Летни тренинг кампови
- Кондициони и фитнес подготовки преку целата година
- Разни еднодневни и викенд активности преку целата година ( планинарење, пешачење, велосипеди, ролери, пливање итн.)
- Видео записи од сите тренинзи, особено снежните
- Многу забава и рекреација за сите генерации
Нашиот развој и успех е неминовен, а неговиот процес во најголема мера ќе зависи од подршката и соработката со компанија како што е Вашата.
Затоа ние би сакале да ви ја презентираме нашата спонзорска програма и се надеваме дека ќе успете да ја одберете таа што најмногу одговара на профилот на вашата компанија.
1. Единствен Генерален спонзор:
- договор за 2 до 5 години соработка
- планирање на набавка на најмалку едно возило ( комбе)
- изработка на најмалку една реклама за радио и ТВ
- набавка на тимска опрема ( јакна, панталони, блузони, тренерки, маици и друга тренинг опрема)
- изработка на промоциски и рекламен материал
- набавка на тренинг реквизити ( капии, знаменца, конуси, топки, сталки итн.)
- снабдување со награди од дел од производите на Вашата компанија за време на Натпревари, Ски школи и кампови.
- Обезбедување на подароци за нашите членови на Ски школи и кампови со дел Вашите производи
- подмирување на основните трошоци на Академијата во вредност од 500 евра месечно, што би вклучило: најмување на сала и простории за тренирање во зимски услови и исплата на тренери, гориво и патни трошоци, тековни сметки итн.
Вкупно : 12000 евра годишно
Што ќе добие Вашата компанија?
- Брендирање на возилото и тимската опрема со Вашето лого како Генерален спонзор, со централна позиција и НАЈГОЛЕМ дизајн ( возилото ќе се користи во секоја прилика и тимската опрема задолжитолно ќе се носи на секој тренинг, со што колку помасовни сме – толку побројно е Вашето лого)
- Поставување на Ваши банери и реклами на секоја наша конференција, семинар, тренинг, натпревар или ски школа/ камп.
- Организирање на разни натпеварувачки активности за вработените во Вашата компанија
- Поставување на Вашето лого на нашиот Веб сајт како генерален спонзор и можност за рекламирање на Ваши производи
- Бенефиции за членови на Вашата компанија при организирање на активности со нашата Академија ( услови за попуст до 50%).
- Бенефиции за одржувањето и набавка на ски опрема за членови на Вашата компанија
* Изработка на рекламен и промоциски материјал со Вашето лого како
генерален спонзор( постери, банери, брошури, меморандуми, каталози,
визит карти итн.)
* Поставување на Вашето лого на дипломи, благодарници, медали и
плакети кои би ги доделувале
* Можност за Ваше рекламирање на секој наш настан со сопствена екипа
од Вашата компанија и производи / голем штанд
* Можност за користење на членови од нашата Академија за Ваши
рекламни спотови и промиции/ снимања на терен и за потреби на
вашите програмски активности.
* Спомнување на Вашата компанија на секој јавен настап како Генерален
спонзор
* Јавно излагање на видни личности и функционери од Вашата компанија
на секој наш голем настан, за сопствено рекламирање и промоција на
спонзорот и неговите производи
* Можност за организирање на Зимски и Летни Теам буилдинг активности
2. Спонзор ( може да бидат и 2 компании) :
- договор за соработка од 2 до 5 години
- набавка на дел од тимска опрема ( јакна, панталони, блузони, тренерки, маици и друга тренинг опрема)
- изработка на една радио и ТВ реклама
- изработка на промоциски и рекламен материал
- набавка на тренинг реквизити ( капии, знаменца, конуси, топки, сталки итн.)
- снабдување со награди од дел од производите на Вашата компанија за време на Натпревари, Ски школи и кампови.
- подмирување на основните трошоци на Академијата во вредност од 300 евра месечно, што би вклучило: најмување на сала и простории за тренирање во зимски услови и исплата на тренери, гориво и патни трошоци, тековни сметки итн.
Вкупно: 6000 евра годишно
Што ќе добие Вашата компанија?
- Брендирање на возило, тимска опрема и рекламен материјал со Вашето лого како спонзор, со одредена позиција и СРЕДЕН дизајн ( возилото ќе се користи во секоја прилика и тимската опрема задолжитолно ќе се носи на секој тренинг, со што колку помасовни сме – толку побројно е Вашето лого)
- Поставување на Ваши банери и реклами на секоја наша конференција, семинар, тренинг, натпревар или ски школа/ камп.
вашите програмски активности.
- Поставување на Вашето лого на нашиот Веб сајт како спонзор
- Организирање на разни натпеварувачки активности за вработените во
Вашата компанија
- Бенефиции за членови на Вашата компанија при организирање на активности со нашата Академија ( услови за попуст до 40%)
- Бенефиции за одржувањето и набавка на ски опрема за ченови на Вашата компанија
* Можност за користење на членови од нашата Академија за Ваши
рекламни спотови и промиции/ снимања на терен и за потреби на
Вашата компанија
* Изработка на рекламен и промоциски материјал со Вашето лого како
спонзор( постери, банери, брошури, меморандуми, каталози,
визит карти итн.)
3. Покровител ( може да бидат до 3 компании) :
- договор за соработка од 1 до 5 години
- набавка на дел од тимска опрема ( јакна, панталони, блузони, тренерки, маици и друга тренинг опрема)
- изработка на промоциски и рекламен материал
- набавка на дел тренинг реквизити ( капии, знаменца, конуси, топки, сталки итн.)
- снабдување со награди од дел од производите на Вашата компанија за време на Натпревари, Ски школи и кампови.
- подмирување на основните трошоци на Академијата во вредност од 150 евра месечно, што би вкличило: најмување на сала и простории за тренирање во зимски услови и исплата на тренери, гориво и патни трошоци, тековни сметки итн.
Вкупно: 3000 евра годишно
Што ќе добие Вашата компанија?
- Брендирање на возило, тимска опрема и рекламен материјал со Вашето лого како спонзор, со одредена позиција и МАЛ дизајн ( возилото ќе се користи во секоја прилика и тимската опрема задолжитолно ќе се носи на секој тренинг, со што колку помасовни сме – толку побројно е Вашето лого)
- Можност за поставување на Ваши банери и реклами на секоја наша конференција, семинар, тренинг, натпревар или ски школа/ камп.
- Поставување на Вашето лого на наш рекламен материјал како покровител
- Поставување на Вашето лого на нашиот Веб сајт како покровител
- Организирање на разни натпеварувачки активности за вработените во Вашата компанија
- Бенефиции за членови на Вашата компанија при организирање на активности со нашата Академија ( услови за попуст до 30%).
Исто така би сакале и да овозможиме и можност за спонзортво само на одредени спортски настани, доколку Вашата компанија повеќе се пронаоѓа во Овој начин на спонзорирање. Нашите опции се:
1. Ски Школа – 2 или 3 смени по 7 дена за зимскиот распуст;
Организирано спиење, целоднвни фитнес активности, попладневни и вечерни активности од забавен и друштвен карактер, скијање во групи, едукација и напредок, натпревар на крај од ски школата за сите присутни.
Обезбеден транспорт, ноќевање, ски карти и дневници.
Целосно Ваше брендирање на Ски Школата!
Вкупно 15000 евра
2. Натпревар во скијање – еден викенд во Фебруари, организирање на натпревар во скијање, од забавен и друштвен карактер, можност да е само детски, само за возрасни или фамилијарен, каде поединечно или групно ке се натпреваруваат однапред подготвени екипи по 3 члена, во систем елиминација.
Целосно Ваше брендирање на Натпреварот!
Вкупно 10000 евра
3. Летен камп – 2 или 3 смени по 7 дена во Летниот период;
Организирано спиење, целоднвни фитнес активности, попладневни и вечерни активности од забавен и друштвен карактер, скијање во групи, едукација и напредок, натпревари во разни дисциплини на крај од летниот камп за сите присутни. Обезбеден транспорт, ноќевање и дневници.
Целосно Ваше брендирање на Летниот камп!
Вкупно 15000 евра
Однапред ви Благодариме на Вашето време, разбирање и подршка!!!
Македонска Ски Академија
www.skiacademy.mk
Нашата Академија посакува да склучи договор со Компанија како Вашата, заради искуството, квалитетот, сериозноста и профилот на компанијата. Примерот што компанијата го преставува во нашето општество и во регионот, мислиме дека е идеален и одговара за беспрекорна соработка. Вашата подршка и помош ќе биде многу ценета и благодарна, а ние ќе се потрудиме да го возвратиме тоа на најдобар можен начин за Вашата компанија.
Вашиот бенефит ке биде и тоа што лугето ќе не препознаваат, ценат, подржуваат и следат во тоа што го работиме. Скијањето е убав и племенит спорт, а ние сакаме да подучуваме на навики за здрав живот и да го омасовиме спортот и неговото постоење во државава.
Ние сме едни и единствени, Најдобри во тоа што го работиме и сакаме секогаш така да останеме.
Доколку ве заинтересиравме со некоја од нашите понуди и ја пронајдовте Вашата компанија во една од спонзорските програми, слободно обратете ни се преку нашата електронска пошта или лично контактирајте со претседателот на Академијата:
Со Почит,
Милан Арсовски – 070/ 534 – 266
е-пошта: info@skiacademy.mk
Искрено се надеваме на наша повторна средба!







